vodovod-logo

Јавно Прерпријатие
Фетка Наскова 22 | 1300 Куманово
Централа: 031/475-540 | Дефекти: 031/475-574 | 070/334-130

ФАБРИКА ЗА ПРЕРАБОТКА НА ВОДА

fabrika za voda

Современото водоснабдување во Куманово започнува со изградбата на првата Фабрика за преработка на водата, популарно наречена „Филтер Станица“ или „Филтерница“, и нејзиното пуштање во употреба во 1959 година. Во исто време, тогаш е пуштен и првиот доводен цевковод од акумулацијата Липково за водоснабдување на градот Куманово, која вода е преработувана во Фабриката, и како таква дистрибуирана во системот за водоснабдување на градот.

Зголемениот квалитет на водоснабдување на градот, овозможува побрз растеж на градот како во смисла на бројот на населението, така и индустрискиот растеж на градот со што се појавува зголемување на потребите за квалитетна вода, а со тоа и потреба од проширување, односно зголемување на фабриката за преработка на вода, така да кон крајот шеесетите години од минатиот век, зголемен е капацитетот на фабриката со доградба на уште еден таложник, и со тоа капацитетот достигнал до 110 лит/сек на преработена вода, всушност колку што изнесувал и капацитетот на доводниот цевковод од акумулацијата Липково.

Технологијата на преработка на водата се одвивала по тогашните методи на коагулација, флокулација, таложење и филтрација, како и дезинфекција на водата, и претставувала најсовремен тип на објект од таков вид во Република Македонија, а по некои сознанија, вкупно втор објект од таков вид во Македонија.

Паралелно со овој објект се градени и резервоари во градот, со што се подобрува и квалитетот на водоснабдувањето на градот, со помош на резервоарите се постигнува и израмнување на дневните максимуми од потреба на вода, со што се намалува нарушувањето на недостиг на вода во ваквите периоди. Вкупниот резервоарски простор во тој период достигнува до 2800 м3.

Брзиот популациски и индустриски растеж на градот брзо го надминува капацитетот на доводниот цевковод како и на самата Фабрика за преработка на водата, така да се појавува потреба од зголемување на капацитетот и од доводниот вод од акумулацијата Липково, како и потреба за зголемување на капацитетот на Фабриката.

Затоа, во текот на седумдесетите години, изграден е нов доводен цевковод до фабриката за преработка на водата со пречник од Ф500 мм, со што се обезбедува дотур на вода од 220 лит/сек сирова вода.

Во исто време, паралелно на тоа се започнува и со изградбата на новата Фабрика за преработка на водата, која градба била предвидена да биде во две фази.

Првата фаза на изградба на новата фабрика, завршува во 1978 година, кога е и пуштена во употреба, и тогашната прва фаза имала вкупен капацитет од 220 литри во секунда, која количина била сосема доволна за водоснабдувањето на градот, а и воедно го покривала вкупниот капацитет на довод на вода по новиот цевковод.

Самата фабрика е проектирана да работи по една од најсовремените технологии во тоа време, општо позната како технологија на Degremaunt, општо прифатена како технологија за современо пречистување на водата насекаде во светот, истовремено и застапена ширум светот, каде сто во технологијата се застапени принципите на флокулација, коагулација, таложење, потпомогнати со процесот на пулсација, како и филтрација и дензифекција на водата, со што се добива квалитетен производ, како вода за пиење кој ги задоволува потребите на граѓаните на една урбана современа средина, како што е градот Куманово.

Тогаш е добиен објект, кој во тоа време е најсовремен во Република Македонија, потполно и квалитетно изведен по најпознати светски стандарди и технологии, кои се актуелни и до ден денес.

Истовремено, во склоп на фабриката, се оформува и интерна лабораторија со современа апаратура за следење на квалитетот на процесот на пречистување на водата, одредување на количините на хемикалии кои се употребуваат во процесот, како и следење на квалитетот на водата за пиење како финален производ, кој се дистрибуира од самата фабрика, како и следењето на квалитетот на водата која стига до самите граѓани на градот со следење на квалитетот по различни пунктови низ градот.

Во тој период, самата фабрика се екипира на уште повисоко ниво, вклучвајки во својот состав обучен кадар, кој е задолжен за одржувањето на високо ниво на квалитетот на водата.

Паралелно на тоа, во текот на завршувањето на објектите, се започнува со разрешување на проблемите со водоснабдување на повисоките делови од градот, односно делови каде што градот добива нагла експанзија со градење на индивидуални градби, а паралелно на индустрискиот растеж на градот, доаѓа и до забрзан раст на бројот на населението, а со тоа и се зголемува потребата од квалитетна вода, како еденод условите за квалитетен живот во една урбана средина.

Ваквата експанзија во градот, посебно во тие повиско делови, појавува потреба не само од зголемена количина туку и од објекти кои ке овозможат водата да стигне во деловите не градот, кои всушност се и на повисока кота од самата фабрика за преработка на водата, што всушност и доведува до решението за изграба на цевководот за висока зона, како и на Кула резервоарот во самиот круг на фабриката, со капацитет од 1200 м/3.

Паралелно на сето ова , во текот осумдесетите години од минатиот век се започнува и со изградба на втората фаза на фабриката за преработка на водата, со што вкупниот капацитет, кон крајот на осумдесетите , се удвојува на 440 лит/секунда, со што за извесен период се недминуваат потребите на градот, но истовремено и двојно се надминува капацитетот на доводниот вод на сирова вода до самата фабрика.

Таа фабрика, е со истиот капацитет и до денес, која количина на вода може се уште да ги задоволи потребите за квалитетна вода за пиење на градот и граѓаните на Куманово.

Во тој период, се зголемува и резервоарскиот простор, и достигнува до 5600 м3, а истовремено се зголемува и квалитетот и обученоста на кадарот во самата фабрика, внесувајки високо квалификуван кадар, како и хемичари, биохемичари, хемиски техничари и инжинери, кои започнуваат со 24 следење на процесот на преработка и квалитет на водата за пиење, воведувајки така 24 часовен надзор над квалитетот на водата која се дистрибуира до граѓаните.

Во наредните години, посебно во текот на деведесетите, целокупната работа на Фабриката за преработка на вода е ориентирана кон зголемувањето на квалитетот на преработка на водата, како и зглоемувањето на квалитетот на дистрибуираната вода до граѓаните на градот, со воведување на нови технологии во самата преработка, кои се предвидени за подобрување на работата на постоечката технологија, се осовременува лабораторијата со внесување на апаратури и инструменти кои го зголемуваат квалитетот на контрола на процесот на преработка, како и зголемен квалитет на мониторингот на преработената вода како водаза пиење.

Продолжената експанзија на градот доведува до поголеми потреби на вода во градот, па истовремено посебно во поново време се бара начин за зголемен дотур на вода, до самата фабрика за вода, кој процес највеке се одвива по 2000 година до денес, и во тој период се добиени објекти за додатни количини на вода, како што е објектот „Бај-пас“ кој обезбедува додатни количини на вода во летниот период, кога се јавува и најголема потрошувачка на вода, како и изградбата на алтернативните извори за водоснабдување дренажен систем Бедиње, и водоснабдителен систем Проевце, а во склоп на МЕАП програмата исто така и самиот објект на фабриката е осовремен, и тоа со нејзиното покривање, што доведува до минимизирање на надворешните влијанија на процесот на преработка, се воведува нова апаратура во процесот на преработка, со што се зголемива нивото и квалитетот на преработка, посебно, воведувајки автоматизација во делови од процесот на преработка.

Истовремено, се осовременува и лабораторијата за следење на процесот, и квалитетот на водата, со нова апаратура, нови процеси, како и оформување на микробиолошка лабораторија, со сите потребни апарати, со што контролата на процесот и контролата на следењето на квалитетот на водата за пиење се подига на уште повиско ниво, а се во интерес на граѓаните на градот Куманово.

Во истиот овој период 2000-2011, се зголемува и резервоарскиот простор и тој достигнува до 8200 м3, а исто така и во текот на 2010 година фабриката за преработка на водата се здоби и со уверение дека работи спред HACCP стандардот, што значи дека водата за пиење е безбедна, според сите параметри и услови што ги бара овој стандард.

Истиот тренд, на работа на осовременување, обука на кадарот, вклучвање на нови високообразувани кадри, воведување нови технологии , зголемување на капацитетот на Фабриката за преработка на вода, зголемување на квалитетот на водата за пиење, продолжува и понатаму, сето тоа во интерес на граѓаните на Градот Куманово.