Известување за можен намален притисок на 19.07.2021
Поради изведба на периодично сервисирање на елементи на водоводен вод за средна зона Ф457.2мм, на ден 19.07.2021год. со почеток од 01.00 часот (Недела наспроти Понеделник) водоснабдувањето ќе биде прекинато на следниве улици од водот за средна водоводна зона и тоа улиците: Тоде Мендол, Б.И.Гуне, Вук Караџиќ, Поток Серава, Младен Стојановиќ, Франц Розман, Драгојло Диндиќ, Милан Зечар, Прозорска, дел од Бајрам Шабани, Васа Пелагиќ, Правда Спасовска, Бараки и околните улици кои гравитираат околу гореспоменатите улици, додека во населбите Гоце Делчев, Зелен Рид и Јане Сандански ќе има намален притисок во водоводната мрежа.
Водоснабдувањето се очекува да се нормализира во претпладневните часови на 19.07.2021година (Понеделник).
Ј.П.Водовод Куманово ги замолува граѓаните за разбирање.
0 Comments