Известување за прекин на водоснабдување на бул. 3 МУБ (објект Рамстор) и ул. Пиринска Македонија (станбен објект наспроти тениски игралишта).
На ден 01.02. и 02.02.2023год. во станбено-деловен објект на ул. Пиринска Македонија (наспроти тениски игралишта) како и во станбено-деловен објект на бул. 3 МУБ (објект Рамстор) водоснабдувањето беше прекинато од страна на водоинсталатери ангажирани од самите станари, поради интервенција на водоводна и канализациона мрежа во самите објекти, ЈП Водовод Куманово го нема прекинато водоснабдувањето во гореспоменатите објекти.
Ги известуваме станарите и станбените управители дека при секоја интервенција на водоводна и канализациона мрежа во станбени и станбено-деловни објекти, дека се должни писмено да ги известат на соодветно место на влезната врата, останатите станари и корисници на деловни објекти доколку ги има, дека ќе се изведуваат активности на водоводна и канализациона мрежа, како и периодот кога истата ќе се изведува.
0 Comments