Ј А В Е Н    О Г Л А С

Published by admin on

за ангажирање на надворешни експерти – Проектен менаџер и финансиски асистент

за имплементација на проектот

Врз основа на  Договорот за Грант, бр. 48-00-00164/2021-28-4 од 23.03.2023 година, склучен помеѓу Европската Комисија и  Јавно Претпријатие Водовод од Куманово како водечки партнер  за имплементација на проектот „ Зајакнување на прекуграничните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија со заедничка цел за подобрување на животната средина “, програма  „ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка Република Србија – Република Северна Македонија 2014-2020“,

Директорот на ЈП Водовод објавува

Ј А В Е Н    О Г Л А С

за ангажман на надворешни експерти – Проектен менаџер и финансиски асистент

за имплементација на проектот

„ Зајакнување на прекуграничните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија со заедничка цел за подобрување на животната средина “

 1. ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ НА АНГАЖИРАНИТЕ ЕКСПЕРТИ

  • Менаџер на проектот

Ангажираниот проектен менаџер ќе биде одговорен за организација и координација на проектот и  успешна имплементација на сите планирани проектни активности.

Проектниот координатор ќе биде одговорен за исполнување на следните задачи:

  • Континуирана и редовна комуникација со одговорните лица за мониторинг на проектот во Управувачкиот орган на Програмата, како и други лица вклучени во реализација на Програмата;
  • Координација со партнерот за имплементација на проектот Јавно Претпријатие Водовод (Врање), Република Србија
  • Комуникација и координација на активностите со одговорните службеници во секторите и одделенијата на ЈП Водовод Куманово вклучени во имплементацијата на проектот;
  • Обезбедување управување со целокупната проектна документација согласно правилата за управување со документи на ЕУ;
  • Обезбедување и успешна примена на методологија за мониторинг и евалуација на проектот;
  • Навремена подготовка и доставување на наративните и фиансиските извештаи за напредок и реализација на проектот;
  • Ефикасно и ефективно управување со проектниот буџет согласно правилата на Европската унија за управување со финансиските средства обезбедени од фондовите на ЕУ;
  • Спроведување на тендерските процедури во рамките на проектот согласно правилата утврдени во Практичниот водич за тендерски постапки на Европската унија;
  • Обезбедување на видливост и промоција на проектот во согласност со правилата на ЕУ за видливост на проектите финансирани од Европката Унија и редовна комуникација со одговорните лица за видливост во Делегацијата на Европската унија;
  • Обезбедување на одржливост на проектот во соработка со ЈП Водовод Куманово

Период на ангажман:

Минимум 12 месеци (50% работно време)

  • Финансиски Асистент

Ангажираниот финансиски асистент ќе биде одговорен за финансиската имплементација на проектот и  успешна имплементација на сите планирани проектни активности.

Финансискиот асистент ќе биде одговорен за исполнување на следните задачи:

  • Континуирана и редовна комуникација со проектниот менаџер и другите членови на тимот, како и со одговрнте лица за мониторинг на проектот во Управувачкиот орган на Програмате;
  • Координација на финансиските аспекти на проектот со партнерот за имплементација на проектот Јавно Претпријатие Водовод (Врање), Република Србија
  • Комуникација и координација на активностите од аспект на финансии, со одговорните службеници во секторите и одделенијата на ЈП Водовод Куманово вклучени во имплементацијата на проектот;
  • Обезбедување управување со целокупната финансиска проектна документација согласно правилата за управување со документи на ЕУ;
  • Континуирано следење на реализацијата на буџетот на проектот;
  • Во соработка со проектниот менаџер подготовка и доставување на наративните и фиансиските извештаи за напредок и реализација на проектот;
  • Ефикасно и ефективно управување со проектниот буџет согласно правилата на Европската унија за управување со финансиските средства обезбедени од фондовите на ЕУ;
  • Спроведување на тендерските процедури во рамките на проектот согласно правилата утврдени во Практичниот водич за тендерски постапки на Европската унија, особено од аспект на финансиско работење со избраните под-договарачи;
  • Обезбедување на видливост и промоција на проектот во согласност со правилата на ЕУ за видливост на проектите финансирани од Европката Унија;

Период на ангажман:

Минимум 12 месеци (50% работно време)

  • Квалификации
    • Менаџер на проектот
  • Минимум 5 години учество во имплементацијата на проекти финансирани од ЕУ и/или други меѓународни организации
  • Минимум учество во 5 проекти како проектен менаџер финанисирани од ЕУ и/или други донатори
  • Високо образование (ниво на квалификациите VIА според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен)
  • Искуство во подготовка и спроведување на постапки за набавка по ПРАГ
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Финансиски асистент
  • Минимум учество во имплементацијата на 3 проекти финансирани од ЕУ и/или други меѓународни организации
  • Високо образование (ниво на квалификациите VIА според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен)
  • Искуство во подготовка и спроведување на постапки за набавка по ПРАГ
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Постапка за апликација

Заинтересираните кандидати да ги достават своите апликации на англиски јазик заедно со:

-Писмо за мотивација

-Биографија (Curriculum Vitae)

-Документирани докази за завршено високо образование

Апликациите да се достават во електронска форма до ЈП Водовод Куманово најдоцна до 31.03.2023 година, до 15:00 часот на е-маил:kuvod@t.mk


0 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *