Пречистителна Станица

Пречистителна станица за отпадни води во с. Доброшане е почната со изградба во септември 2003 година, а завршена во јуни 2005 година.

Целата станица вклучувајки ги градежните работи и инсталирање на машинската опрема е донација од Швајцарска влада во вредност од 10 000 000 евра или приближно 16 000 000 Швајцарски франци.

Станицата располага со капацитет за пречистување на отпадни води од 100 000 еквивалент жители со можност за доградба при што капацитетот би се зголемил од 150 000 до 200 000 еквивалент жители.

Во самата станица е вклучена и изградба на гравитационен доводен колектор од местото Донков млин до пумпната станица во с. Доброшане со должина од 3km. Од пумпната станица имаме доводен колектор т.е. цевковод кој е под притисок и се протега во должина од 1km.

Самата станица има капацитет за следниот максимален проток на отпадна вода:

  • 1 300 м3/ч(на час)
  • 18 000 м3/д(на ден)
  • 6 000 000 м3/г(годишно)

Пречистителна станица располага со:

Пумпна станица со груба решетка

Завршува во пумпната станица каде отпадните води поминуваат низ крупна решетка со отвор од 80mm. Тука се отсрануваат крупни цврсти предмети од отпадната вода. Понатаму со пумпи под притисок отпадната вода се транспортира 1km до пречистителна станица.

Главниот колектор чии параметри се А 1000 mm и должина 3 600 km

Предтретман зграда со фина решетка

sitna resetka

Отпадната вода се влева во ПСОВ и поминува низ ситна решетка со отвор од 6mm. Тука се отстранува ситниот цврст отпад.

Два базена за отстранување на песок и маснотии

Во овие базени со помош на компресори и вакуум дувалка се издвојуваат песокта и мрснотиите и се исфрлаат во контејнери.

Еден примарен таложник

primaren taloznik

Вака пречистена отпадна вода оди во примарен таложник каде се отстранува таложен мил и пливачки материи кои со пумпи се префрлаат во дигестор. Волумен на примарен резервоар е 700 м3.

Два аерациони базени за биолошки третман

bioloski tretman

Природно исталожена отпадна вода од примарниот базен се префрла во два аерациони базени каде се врши биолошки процес со уфрлање на кислород и перманентно движење на водата во зона каде се врши аеробен и анаеробен процес. Во овој процес се исталожува фосфор од водата со помош на соли како што е железо хлорид(Fe Cl3), при што годишно се намалуваат по 35T фосфати во реката.

Волуменот на биолошки(аерациони) рзервоари е 14 500 м3

Два финални таложника

Во овие таложници од аерационите базени се исталожува чистата вода и преку прелив оди во реката Кумановка, а исталожената мил се дели во два дела. Првиот дел е повратна мил која се враќа во аерациони базени т.е. за одржување на процесот, а вториот дел како вишок на мил со пумпи се префрла на машина за обезводнување со помош на полимер и таквата мил се префрла во дигесторот.

Дигестор

Дигесторот чија волуменска зафатнина изнесува 1600 м3 служи за добивање на био-гас т.е. со помош на бактерии милта во дигесторот на температура од 35°C до 36°C се разградува и при тоа се ослободува био-гас (метан 65%,СО2 – 31% и други гасовни компоненти 4%)

Овој био-гас служи за одржување на процесот во дигесторот и за производство на топлинска и електрична енергија. Топлинската енергија се користи за задоволување на сопствена потрошувачка на енергија.

Машинска зграда

Таа се состои од два ката. На првиот кат се наоѓа тикенинг машината за згуснување и обезводнување на вишок на мил од секундарните базени.

masinska zgrada 1

Двете преси служат за исцедување на милта која се добива по завршување на дигестија како завршен продукт.

На овој кат се наоѓаат и две дозирни станици за дозирање на полимер во тикенинг машина и на пресите

masinska zgrada 2

Вториот кат содржи просторија за гас компресот кој го враќа делот од гасот во дигесторот преку дувалки.

Втората просторија содржи два гасни електрични агрегати со максимално производство на електрична енергија од 2х90 kWh, воедно тука е сместен и котелот за топла вода за добивање на топлинска енерија за потреби на дигестерот и за загревање на административна зграда.

masinska zgrada 3

Резервоар за собирање на милта

Овој резервоар служи за складирање на завршната мил исфрлена од дигесторот, пред да оди на пресување и одстаранување од пречистителната станица.

Резервоар за складирање на био-гас и пламеник за согорување на вишок на био-гас

bio gas

Во резервоарот за био-гас се собира био-гас кој се користи за работа на котелот и агрегатите. Ако има поголема количина на био-гас од капацитетот на резервоарот, автоматски се вклучува пламеникот кој врши согорување на овој вишок од био-гас.

Административна зграда со современа лабораторија

laboratorija

Аминистративна зграда ги содржи следниве елементи:

  • лабораторија каде се врши контрола и пратење на сите параметри од процесот и тоа од влезот на отпадната вода до излезот на пречитената вода
  • контролна соба каде преку скада системот компјутерски се управува целиот процес
  • работилница и прирачен магацин за одржување на машинската опрема и комплетно електро – одржување

При опишаниот процес на пречистување на отпадната вода добиваме три придобивки и тоа:

  • прочистена отпадна вода до степен од втора категорија, односно вода погодна за растителниот и животинскиот свет, но не и вода за пиење т.е. годишно во реката се намалуваат 1 100 тони органски материи, 120 тони нитрогени и 35 тони фосфати
  • добивање и користење на био-гас т.е. произведуваме 800 м3/ден био-гас од кој годишно се произведува 400 000 kWh електрична енергија
  • добивање на мил кој понатаму може да се користи како природно ѓубриво во земјоделието
cista voda 1
cista voda 2