Внатрешна организација на ЈП Водовод

Врз основа на член 19 став 1 точка 8  од Закон  за јавните претпријатија(сл.весник на РМ бр. 38/96; 9/97; 6/02; 40/0; 22/07; 83/09; 97/10; 6/12 и /14 ),и член 17 став 7 од Закон за вработените во јавниот сектор  (Сл.весник на РМ бр. 27/14) Директорот на ЈП Водовод Куманово, на ден  21.11.  2016 година донесе:

ПРАВИЛНИК

ЗА  ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА  НА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВОДОВОД КУМАНОВО

IОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој Правилник, согласно Статут на Јавно Претпријатие “Водовод” Куманово се утврдува  внатрешна организација на јавното претпријатие, делокругот и начинот на извршување на задачите вид и број на организационите единици и условите за нивното образување и раководење со нив.

                                                  Член 2

Внатрешната оганизација  се засновува на следните начела:

  • Оптимална организација по  дејности кои се обавуваат по  сектори во претпријатието ;
  • Одговорен однос кон потребите и барањата на граѓаните и општината, сврзани со дејноста на претпријатието.

Член 3

               Јавното претпријатие Водовод Куманово работите и задачите од надлежност на претпријатието ги избршува во согласност со законот, статутот и другите акти донесени врз основа на закон.

                                                                                Член 4

Врз основа на надлежностите утврдени со закон како и според видот, обемот, сложеноста, меѓусебна сродност и поврзаност јавното претпријатие Водовод Куманово се организира во сектори и одделенија.

II . ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ

Член 5

Јавното претпријатие Водовод  Куманово во својот состав има два помошника на директорот.

Јавното претпријатие Водовод  Куманово во својот состав има 5 советници на директорот.

Јавното претпријатие Водовод  Куманово во својот состав има 4 сектора и тоа:

  • Сектор за технички работи;
  • Сектор за општи,правни работи и човечки ресурси,
  • Сектор за финансии,сметководство и комерција;
  • Сектор за јавни набавки

и одделение кое е директнa контрола на директорот.

1.         Сектор за технички работи, во чиј состав се:

1.1       -Одделение за  водоснабдителни објекти;

1.2       -Одделение за пречистување на вода.

1.3       -Одделение за одржување на водоводна мрежа и приклучоци

1.4       -Одделение за за канализациони објекти, инсталации, улици и патишта;

1.5       – Одделение за градежна механизација и возен парк

1.6       -Одделение за урбанистичко планирање,ГИС и проектирање

2.         Сектор за општи,правни работи човечки ресурси, во чиј состав се:

2.1.      Одделение за општо,правни работи и човечки ресурси

2.2.      Одделение за застапување(спорови со физички и правни лица)

3.         Сектор за финансии,сметководство и комерција,во чиј состав се:

3.1.      -Одделение за сметководство и финансова оператива

3.2       -Одделение за наплата(следење на наплата)

4.         Сектор за јавни набавки,во чиј состав се:

4.1.       –Одделение за јавни набавки

4.2.    – Одделение за планирање и спроведување на постапка за јавни набавки

5.       Одделение за  оперативен контролен центар

III . ДЕЛОКРУГ И НАЧИН НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗАДАЧИТЕ:

Член 6

1.Сектор за технички работи

Во Сектор за технички работи се вршат работи од дејностите со кои се остварува јавен интерес.

Дејностите со кои се остварува јавен интерес се утврдени со Статутот на јавното претпријатие и запишани во трговски регистар  при Централен регистар на Р Македонија.

Osnovni dejnosti se :

 и инсталации за греење и клима уреди

  •  Инженерство и со него поврзано техничко советување

Приоритетна дејност на претпријатието е 36.00 собирање, обработка и снабдување со вода.

Член 7

1.1Одделението за водоснабдителни објекти

Одделението за водоснабдителни објекти ги врши работите што се однесуваат на: собирање, обработка и снабдување со вода за пиење.Ова Одделение врши производство на вода за пиење со пречистување и хлорирање,врши контрола на квалитетот на водата за пиење,ја испитува водата од водоводна мрежа во лаборатории,врши дезинфекција на новоизградената водоводна мрежа и води грижа за машинските постројки,уреди и инсталации кои се однесуваат на производство на вода.

Член 8

1.2. Одделение за пречистителна станица

Одделението за пречистителна станица ги врши работите што се однесуваат на  собирање,пречистување на отпадните води и нивно испуштање во реципиентот.Ова Одделение ја собира водата од канализационата мрежа,преку колекторски систем ја доведува до Пречистителна станица,каде врши третман,пречистување на отпадните води,контрола на квалитетот на отпадните води пред испуштање во реципиентот,дозирање на хемикалии за пречистување на отпадните води,водење на документација сврзана со преработка на отпадните води, води грижа за машинските постројки,уреди и инсталации кои се однесуваат на отпадните води.

Член 9

1.3. Одделение за одржување на водоводна мрежа и приклучоци

Одделението за одржување на водоводна мрежа и приклучоци ги врши работите што се однесуваат на: изградба и одржување на водоводна мрежа,изградба и одржување на фекална и атмосферска канализација,отстранување на дефекти на мрежите,давање стручна помош и изведување на приклучоци,водење и изготвување на документација во врска со приклучоци(решенија,договори итн),прибавување на одобренија и други дозволи за затворање на улици и врши други административни работи во врска со својот делокруг на работа.

Член 10

1.4 Одделение за канализациони објекти, инсталации, улици и патишта

            Одделение за канализациони објекти, инсталации, улици и патишта ги врши работите што се однесуваат на изведување на градежни работи од областа на нискоградба,редовно одржување на инвестициони објекти,изградба на фекална и атмосферска канализација,партерно уредување,изведба на шахти,документација која се однесува на работите сврзани со неговиот опис,контактира со разни институции и врши други административни работи во врска со својот делокруг на работа.

Член 11

1.5 Одделение за градежна механизација и возен парк

            Одделение за градежна механизација и возен парк ги врши работите што се однесуваат на експлоатација на градежните машини и транспортни средства за потребите на претпријатието,одржување во исправна состојба на целокупниот машински и возен парк на претпријатието,услуги кои се вршат кон трети лица,се грижи за навремено регистрирање на возилата,ги следи прописите кои се однесуваат на моторни возила и градежни машини,дозволи,лиценци и др.,води евиденција за потрошувачката на возилата.

Член 12

1.6 Одделение за урбанистичко планирање,ГИС и проектирање

Одделение заГИС и проектирање ги врши работите што се однесуваат на прибирање на податоци за проектирање,изработување на изводи од проекти за водоводна и канализациона мрежа,давање на начелна согласност со технички услови за приклучок на водоводна и канализациона мрежа,изработка на предмер и пресметка за изградба на водоводна и канализациона мрежа,трасирање,повлекување нивелети и изготвување на профили на улици,водоводи и канализации,водење на подземен катастар на постоечка и новоизградена водоводна и канализациона мрежа,грижа за нормално функционирање на системот за АОП.

Член 13

2. Сектор за општи,правни работи човечки ресурси

Секторот за општи,правни работи и човечки ресурси ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на одделението за општи,правни работи човечки ресурси и одделението за застапување(спорови со физички и правни лица), кои се во негов состав.

Секторот им дава помош на одделението за општи,правни работи  и човечки ресурси и одделението за застапување(спорови со физички и правни лица)во  делот на примена на новите законски прописи,во делот на стручно  усовршување,пратење на измените на законските решенија како и комуникација со нотари,извршители,адвокати.

Секторот зема активно учество на трибини,работилници,семинари кои се однесуваат на работата на претпријатието.

Член 14

2.1. Одделението за општи,правни работи човечки ресурси

Одделението за општи,правни работи човечки ресурси ги врши работите кои се однесуваат на информативен систем за човечки ресурси, организациски развој и вработување  на јавни службеници,даватели на услуги и останатите вработени без статус на претходните, соработува и комуницира со сите Сектори и Одделенија во состав на јавното претпријатие,и со Агенцијата за административни службеници, ги следи  и применува законките прписи од областа на, Закон за административни службеници,Закон за вработени во јавен сектор, Закон за работни односи, вклучувајќи ги и прописите што се однесуваат на правичната застапеност на заедниците, ја донесува програмата за работа на Одделението, Годишната програма за обука на јавните службеници, Годишен извештај за изречени мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност, Годишен извештај за податоците од регистарот на државните службеници, Годишен извештај за наградени јавни службеници,предлага усогласување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во јавното претпријатие,со измени на Закон за административни службеници,Закон за вработени во јавен сектор, Закон за работни односи и други позитивни законски прописи и врши други работи што ќе му бидат доверени,врши преписки со институции,ги подготвува мартеријалите за Управен и Надзорен одбор,ги контролира и координира работите поврзани со работници за обезбедување,врши работи кои се однесуваат на канцелариското и архивското работење,безбедност и здравје при работа и други работи кои се однесуваат на заштита и спасување,како и достава на акти и други помошно технички работи.

Член 15

2.2. Одделението за застапување(спорови со физички и правни лица)

Одделението за застапување(спорови со физички и правни лица) врши работи што се однесуваат на: застапување на јавното претпријатие пред судовите и државните органи во Република Македонија, се грижи за недвижен имот, негово администрирање со инвестиционо и тековно одржување,изготвува обрасци на договори,решенија,и други акти, поднесува прекршочни и кривични пријави,поднесува пријави во стечајни постапки,изготвува предлози за донесување на решенија врз основа на веродостојна исправа до нотари,поднесува предлози за извршување до извршители.

Член 16

3. Сектор за финансии,сметководство и комерција

Секторот за финансии,сметководство и комерција ги обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на одделението за оддлението за наплата и набавка и одделението за сметководство инвестиции,план и анализа, кои се во негов состав, ги врши работите што се однесуваат на координирање на процесот на подготвување, изготвување, изменување и дополнување на годишни, квартални и месечни извештаи, стратешки планови,извештаи за работа и програми за работа на претпријатието. Координирање на процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола. Давање на мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во субјектот и предлог актите на други субјекти кои имаат или може да имаат финасиски импликации за претпријатието, следење и примена на законската регулатива од областа на финансиското работење, вршење документирана контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација (фактури, порачки, испратници, работни налози , приемници и друго и нивна усогласеност со договорот за јавни набавки).

Член 17

3.1. Одделение за сметководство и финансова оператива

Одделението за сметководство и финансова оператива ги врши работите што се однесуваат на спроведување сметководствено евидентирање за извршување на финасискиот план и подготвувањетона годишна сметка и годишен извештај (биланс на состојба, биланс на приходите и расходите, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи),сметководствено евидентирање на основните средства на претпријатието, евидентирање и наплата на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски, материјално и даночно сметководство,заштитата за средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба,изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски извештаи согласно законските прописи,сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето согласно пишаните процедури за сметководствените процеси,следење и примена на законската регулатива од областа на сметководственото, материјалното и финансикото работење. Секојдневно водење на благајнички работи.  Пресметка и исплата на платите на вработените во претпријатието,врши усогласување на состојбите во даночната евиденција, сметководство и евидентирање на задолжувањата и раздолжувањата за даноците, придонесите и друго, следење на наплата на сметките за правни лица, подготовка на целокупна документација за поднесување на предлози за донесување на решенија врз основа на веродостојна исправа за правни лица, подготовка на целокупна документација за поднесување на пријави во стечајна постапка,пресметка на камати и др.

Член 18

3.2. Одделение за наплата(следење на наплата)

       Одделението за наплата(следење на наплата)ги врши работите што се однесуваат на читање на водомери,изготвување на сметки(фактури)и следење на наплата на сметките за физички лица,подготовка на целокупна документација за поднесување на предлози за донесување на решенија врз основа на веродостојна исправа,правење на спогодби за одложено плаќање и контролирање на истите дали се почитуваат,правење на договори за регулирање на меѓусебните права и обврски со корисници на вода,набавка на потребни материјали,следење на реализацијата на договорите за јавни набавки,како и работи на магацин.

Член 19

4.Сектор за јавни набавки

Секторот за јавни набавки врши работи кои се однесуваат на законската регулатива во врска со јавните набавки,подготовка на тендерска документација,спроведување на постапки за јавни набавки, подготовка на годишен план за јавни набавки,следење на извршувањето на годишен план за јавни набавки, подготовка за решенија/одлуки за јавна набавка и договори и барања согласности за јавни набавки, подготовка на огласи за јавни набавки и тендерска додкументација, водење евиденции на јавните набавки што се вршат во субјектот по видови на постапки и евиденции на другите набавки по видови, изготвување договори за јавните набавки,користење на ЕСЈН.

Член 20

4.1. Одделение за јавни набавки

Одделение за јавни набавки врши работи кои се однесуваат на законската регулатива во врска со јавните набавки,подготовка на тендерска документација,спроведување на постапки за јавни набавки, подготовка на годишен план за јавни набавки. Следење на извршувањето на годишен план за јавни набавки. Подготовка за решенија/одлуки за јавна набавка и договори и барања согласности за јавни набавки. Подготовка на огласи за јавни набавки и тендерска додкументација. Водење евиденции на јавните набавки што се вршат во субјектот по видови на постапки и евиденции на другите набавки по видови.

Член 21

4.2.Одделение за планирање и спроведување на постапка за јавни набавки

Одделение за планирање и спроведување на постапка за јавни набавки врши работи кои се однесуваат на планирање и спроведување на постапките за јавни набавки,законската регулатива во врска со електронско спроведување на јавните набавки,користење на ЕСЈН т.е спроведување на со закон задолжителниот број на постапки преку ЕСЈН.

Член 22

5. Одделение за оперативен контролен центар

Одделение за оперативен контролен центар ги врши работите кои се однесуваат на контрола на  употреба на водомери,контрола на исправно читање на водомери,контрола на оштетување на пломба на водомери,пломбирање на водомери,баждарење на водомери,промена на неисправни водомери,промена на стакло на водомери,преместување на водомери,исклучување на корисниците кои не ги подмируваат своите обврски,пронаоѓање на диви приклучоци,составување на записници за констатирање на фактичка состојба и записници за кражба на вода.

Член 23

Помошници на директорот ги вршат работите кои се однесуваат на делокругот на работата на претпријатието,пред се од административна природа,преписки со институции,помош во работата на секторите,помош во претставување на претпријатието,како и надзор над спроведување на законите.

Член 24

Советниците на директорот извршуваат работи кои се однесуваат во областа за која се стручни,даваат предлози,сугестии,даваат помош на секторите.

IV. РАКОВОДЕЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИОНИТЕ ЕДИНИЦИ

Член 25

Со јавното претпријатие раководи Директор.

Член 26

Со сектор раководи раководител на сектор.

Во случај на отсуство или спреченост на раководител на сектор, со секторот раководи Раководител на одделение кој ќе го определи раководителот на сектор.

Со Одделение раководи раководител на одделение.

V.ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ 

Член 27

Со денот на влегувањето во сила на овoj Правилник престанува да важи Правилник за внатрешна организацијата,систематизација и наградување на работните места во ЈП Водовод Куманово бр.02-1212/4 од 08.06.2012 година

Член 28

Овој Правилник влегува во сила со денот на негово донесување,а ќе се применува по дадената согласност од Министерство за информатичко општество и администрација.

            БР. 02-1784/1                                                           ЈП Водовод Куманово

            21.11.2016 година                                                                 Директор,

Куманово                                                                        Горан Стојковски