ЈП ВОДОВОД Куманово,согласно состојбата со корона вирусот (КОВИД-19) во државата,Ви соопштува дека во овој период, ćе додека се во важност препораките и забраните на Владата на РСМ и Министерството за здравство кои се однесуваат на спречување на ширење на корона вирусот,вработените во ЈП Водовод Куманово за читање на водомерите нема да влегуваат во објектите во кои водомерите се поставени внатре во просториите.

Се молат граѓаните на Општина Куманово редовно да ги плаќаат своите сметки за да може претпријатието непречено да го снабдува населението со вода за пиење.

Граѓаните сметкитете за потрошена вода може да ги платат во наплатните центри на ЈП Водовод Куманово,благајната во Дирекцијата и по електронски пат.

Се молат граѓаните на Општина Куманово(доколку сакаат истото можат да го направат и оние граѓани на кои водомерите се наоѓаат надвор од објектите,а не сакаат да ги читаат читачите од ЈП Водовод Куманово) сами да ја прочитаат состојбата на своите водомери и да ја јават во ЈП Водовод Куманово на телефонските броеви: 031/475-585 и 031/475-586.

Јавно Претпријатие ВОДОВОД Куманово е основано 1956 година заради вршење на стопанска дејност од јавен интерес во областа на водоснабдувањето и канализацијата од страна на Општина Куманово. Главни активности на ЈП ВОДОВОД Куманово се водоснабдување, одведување на отпадни и атмосферски води, одржување на водоснабдителниот и канализациониот систем во исправна состојба и пречистување на отпадни води.