Известување за активности во насока на намалување на загуби на вода во сектор ул. Никола Тесла – нас. Долно Којнаре на ден 06.12.2022год.

Published by Бобан Петрушевиќ on

На ден 06.12.2022година во период од 01:00 часот до 06:00 часот во секторот кој го опфаќаат: ул. Никола Тесла, ул. Јоско Илиевски со околните улици, нас. Средорек, нас. Долно Којнаре, м.в. Османов рид и м.в. Костурница, оперативниот тим за намалување на загуби на вода при ЈП Водовод Куманово, ќе изведе активности со цел да се детектираат евентуално постоечки дефекти на водоводна мрежа кои не пробиваат на површина или се вклучени во постоечката канализација. Активностите ќе се состојат од изведба на степ-тест т.е. редоследно затворање на вода во однапред дефинирани и изолирани мерни зони на водоводната мрежа, при што со веќе поставените инструменти за мерење на проток и притисок ќе се одреди пооделно за секоја мерна зона уделот во вкупната загуба на вода во дефинираниот сектор. Како дел од активностите е предвидена и контрола на постоечката фекална канализациона мрежа.


0 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *